Ковачевски дезертираше од отворањето на Македонскиот клуб во Благоевград, не сакаше да ги штити националните интереси. Дезертерот Ковачевски единствено што знае е да дезертира кога и е потребен на државата. Ковачевски не беше помеѓу Македонците од Бугарија, тој се откажа од нив, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата посочуваат дека Ковачевски е наследник на Заев кој ги создаде проблемите на Македонија и чија политика на виткање на кичма ја предизвика негацијата на јазикот, идентитетот и историјата.
– Ковачевски е наследник на Заев, кој ја извади кованицата еден народ, и еден јазик, кои беа изненадување и за најголемите бугарски шовинисти. Ковачевски сега може да види дека ниту тој, ниту Заев се Македонија, и дека штетата која тие ја нанесоа ќе се исправи, но народот нема да заборави како ги рушеа националните интереси, се додава во партиското соопштение.