ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски ги покачи струјата и парното и предизвика инфлација

Пиунот Ковачевски ги покачи струјата и парното и предизвика инфлација. Прва мерка на Ковачевски е покачената цена на струјата и парното за по 15%. Граѓаните веќе на крајот на овој месец ќе добијат сметки за струја и парно поскапи за најмалку 500 денари, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат дека стандардот е нагризен уште од порано.

– Димитар Ковачевски подолг период беше заменик министер за финансии, а со тоа и главен виновник за лошата економска слика и инфлацијата која ни се случува. Покачени се сите продукти, а според пишувањата на медиумите прехранбените производи за една година се покачени и до 30%, тоа значи дека тоа што пред една година можело да се купи за 20.000 денари, сега треба и над 25.000 денари, се додава во партиското соопштение.

Oд ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека сошата ситуација во економијата не можат да ја поправат луѓето кои ја предизвикаа и дека се потребни реални промени, а тоа е можно само со предвремени парламентарни избори и нова влада.