ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски пред Собранието да ги презентира нацрт документите од преговорите со Бугарија, пред да се дојде до свршен чин со катастрофални последици

Владата на СДСМ и ДУИ зад кулисите договара нешто со Бугарија и во ниту еден момент Собранието не е информирано. За разлика од Македонија, во Бугарија сите релевантни субјекти знаат и се информирани, вклучително и бугарското собрание, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Ако владата планира состојбите да ги доведе до свршен чин и тогаш да и каже на јавноста што договориле, тогаш прават катастрофална грешка. Владата на Заев во 2017-та година беше предупредена за последиците од штетниот договор и за жал тие последици сега се товар на евроинтегративниот пат. Затоа навреме ВМРО-ДПМНЕ бара Собранието да биде информирано за текот на преговорите, вклучително и за нацрт документите кои циркулираат на релација Скопје- Софија со цел да се предупреди и да се изгради заедничка стратегија, стои во париското соопштение и се додава:

„Затоа ВМРО-ДПМНЕ испрати барање до премиерот Ковачевски во текот на месец април да се појави пред Комисијата за надворешна политика и да ги достави нацрт-документите за кои што Владата на Македонија ги договара со официјална Софија, за да може во еден заеднички и инклузивен процес да се разгледаат овие прашања кои се важни во македонско-бугарските односи, а исто така се важни и за евроинтеграциите“.