
СДСМ во опозиција ветуваше дека нема да се задолжува, а откако дојде на власт секојдневно сме сведоци на нови задолжувања. Откако СДСМ е на власт првпат во историјата на Република Македонија јавниот долг на државата е пробиена психолошката граница од 5 милијарди евра, додека државниот 4 милијарди евра, реагираат во вторникот од ВМРО-ДПМНЕ
„ Само во август досега СДСМ ги задолжи граѓаните повеќе од 43 милиони евра, а од почетокот на годината долгот е зголемен за стотици милиони евра. Криминалниот картел на СДСМ постојано ја задолжува државата, а нема капитални инвестиции, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Најголемата опозициска партина истакнува дека реализираните капитални инвестиции во првата половина на 2018 година е „катастрофално ниски“ 16,6 отсто од планираните инвестиции и прашува на што се трошат милионите евра задолжувања на Република Македонија кога ништо не се работи на терен. Додаваат дека сите проекти кои ги започна владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ се запрени и ништо не се гради и немаат остварени ништо од тоа што го ветуваа, стои во реакцијата.
„Повеќе од година дена државата е во застој, а владата на СДСМ расипнички ги задолжува идните генерации на Република Македонија. Се што видовме до сега од власта се скандали и афери како криминалните иновации и скандалозни и сомнителни тендери каде се богатат партиски функционери и луѓе блиски до СДСМ. СДСМ ја донесе Република Македонија во пропаст, економијата го достигна дното. СДСМ не е способен да ја води државата. Време е СДСМ да си замине за Македонија и граѓаните да одат напред. Македонија ќе победи!“, се додава во реакцијата