ВМРО-ДПМНЕ Куманово: Дамјановски не ги решава прболемите на граѓаните туку се однесува насилнички

Лагите и манипулациите од СДС и Дамјановски не поминуваат. Тие сами се залажуваат ако мислат дека некој однадвор го креира револтот на граѓаните, соопшти денеска Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Куманово.
Оттаму велат дека граѓаните се револтираат од она што го гледаат, дека 12 години Дамјановски ги лаже, ги манипулира, неодговорно ги троши нивните пари, а не ги решава проблемите и го уназадува Куманово.

-Неодговорноста и неспособноста на Дамјановски и на СДС во Куманово не може да го покриваат веќе со закани, манипулации и лаги. Граѓаните со свои очи го гледаат шерифското однесување на Дамјановски. Граѓаните со свои очи ги гледаат заканите и насилството кое го применува СДС во Куманово, се вели во соопштението.

„Граѓаните со свои очи гледаат дека Дамјановски и СДС во Куманово дека не работат на решавање на нивните комунални проблеми. Заканите и лагите на Дамјановски се единственото нешто кое можат да го прикажат како дело на СДС во Куманово“, се вели во соопштението.