![vmro](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/vmro.jpg?resize=696%2C363&ssl=1)
Лицемерна е лажната грижа за СДС и на Венко Филипче за животот и стандардот на граѓаните. Оние кои ја зголемија цената на електричната енергија од 50% уништувајќи го енергетскиот сектор и колабирајќи ги енергетските претпријатија, сега од опозиција лажно и лицемерно предлага некакви мерки, реагираат во четвртокот од владејачката ВМРО-ДПМНЕ.
„СДС на власт седум години системски го уништи и ограби енергетскиот сектор преку наместените тендери во РЕК Битола, ТЕЦ Неготино и Осломеј. ЕСМ која во 2027 го преземаа со 20 милиони евра профит на сметка, во 2024 го оставија со минус од 80 милиони евра по разни основи.
Сега СДС и Венко Филипче бесрамно бараат намалување на ДДВ-то на електричната енергија.
СДС се тие коишто го покачија и ДДВ на прехранбените производи од 5% на 10%, за сега лицемерно да бараат негово укинување.
Колку СДС се загрижени за животниот стандард на граѓаните се гледа и по тоа што за време на нивното седумгодишно владеење над пола милион граѓани ги донесоа на прагот на сиромаштија кои денот го поминуваа со по 150 денари.
И грижата за реформите и довербата на граѓаните во правосудството на СДС и Филипче, е исто така лажна и лицемерна, затоа што во нивно владеење судиите и обвинителите се бираа во Струмица и во Зајас.
Токму ова доведе и губење на довербата на граѓаните во правосудството којашто изнесуваше мизерни 2%.
Маката на СДС и Венко Филипче е една, грчевито се борат и посакуваат во правосудството да останат нивните инсталирани кадри кои за цело ова време се ставија во служба на нивна заштита.
Но СДС и Венко Филипче треба да знаат дека процесот на реформи во правосудството започна и во него нема да има место за компромитираните и корумпирани ликови кои се бирани по партиска директива од Струмица“, се наведува во партиската реакција.