Иако СДСМ се обидува да го претстави Дамјан Манчевски како ново лице на јавноста сепак реалноста е друга. Манчевски, ниту е ново лице во СДСМ, ниту е во политиката од вчера. Напротив, Манчевски секогаш бил на значајни функции и блиску до првите луѓе на СДСМ, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Во нивната реакција на пресот на Манчевски, на кој што тој ги дискредитира анкетите на Институтите „Димитрија Чуповски“ и „Павел Шатев“, нарекувајќи ги лажни, ВМРО-ДПМНЕ посочува дека како и повеќето луѓе од високото раководтво на СДСМ ниту Манчевски не е човек без сомнителни бизниси со партиски функционери на СДСМ.
„Јавноста имаше можност да се запознае со мега скандалот во кој Дамјан Манчевски преку фирмата во која бил сопственик и овластен добил милионски тендер од институција која е во надлежност на Општина Куманово со која раководи Зоран Дамјановски Циц, градоначалник и истакнат функционер на СДСМ. Со овој скандал, сите видовме дека Дамјан Манчевски по ништо не се разликува од Црвенковски, Шекеринска и Заев и дека многу добро научил на кој начин се добива висока функција во СДСМ“, се вели во реакцијата.