
Маричиќ да имаше грам доблест денес наместо да бара виновник во опозицијата, требаше да си поднесе оставка, неговото министерство после ќорсокакот со ЕУ, губи поента, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Навистина е губитнички обидот на Маричиќ за сопствената неспособност да бара виновници во други.
Министер е за европски прашања на Влада која државата ја потопи во криминал, ја уцени со бугарски диктати, и која нема ниту милиметар мрднати на европскиот пат.
Всушност Маричиќ е доказ како политичарите без кичма, и без визија ја заглавуваат државата. Македонија не е во ЕУ поради криминалот на ДУИ и СДС, и неспособноста на владата и дипломатијата да обезбеди фер позиции за Македонија“ – велат од партијата.