Зоран Дамјановски преку Општина Куманово реагираше на прес конференција на ВМРО – ДПМНЕ , но не негираше дека поранешниот пратеник на СДСМ во два мандата Драган Митовски преку својата фирма добивал тендери од општината.
Од владејчката партија информираат Драган Митовски како сопственик на фирмата Алми – Петрол Дооел Куманово, склучил 4 договори за јавни набавки со Општина Куманово во вредност од 50.056.038 денари.
„Со самото тоа што Зоран Дамјановски избегнува да даде било каков одговор и зборува за сосема други теми тој впрочем потврдува дека сме биле во право. Впрочем за тоа што го кажавме има и соодветни документи кои беа приложени. Очигледно Дамјановски се осети откриен за своето сомнително работење, па проба исто како и Зоран Заев да избегне директно да одговори зошто токму Драган Митовски, поранешен пратеник во два мандати на СДСМ, добивал тендери во вредност од 50.056.038 денари“, се наведува во реакцијата од партијата.
Веќе целата македонска јавност знае како работат градоначалниците од СДСМ и како и за што ги користат парите од своите граѓани. Тоа е модел по кои што работат сите од СДСМ.