Власта на СДСМ е фали со економски резултат кој што е најнизок во регионот, додека Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) потврди дека и Косово и Албанија и Црна Гора се пред Македонија, и нивните економии се подобри и за 50 отсто во однос на растот, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Дека состојбите не се подобруваат како што сака владата да ги престави покажува и прогнозата на ММФ кои кажаа дека Македонија оваа година ќе ја заврши со инфлација од околу 10%, што е речиси двојно повеќе од проекциите на Владата кои се 5,6%.
Инфлацијата во Македонија моментално е за 50% повисока од таа во Еврозоната, тоа е јасен показател, дека истата не е увезена, туку последица на неспособноста на Ковачевски.
Нема лош резултат во кој Македонија со Ковачевски не е прва“, додаваат од опозициската партија.