ВМРО-ДПМНЕ најавува нови детали за аферата „Броило“

Додека граѓаните немаат за леб, премиерот дезертер Димитар Ковачевски и неговиот кум Горан Паунов, преку злосторничко здружување екстра профитираат, велат во обраќањето до јавнотста во понеделникот  од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата истакнуваат дека за „кризниот профитер“ Ковачевски „броилото врти“ за богатење, додека за граѓаните „броилото врти за осиромашување“.

„Во време на енергетска криза, тргувајќи со влијание, профитерот Ковачевски врти над 26 милиони евра, пари на граѓаните. Додека стопанството плаќа дупло поскапа цена на електричната енергија од регионот, а граѓаните плаќаат енормно високи сметки за електрична енергија, Ковачевски и неговиот кум, Горан Паунов изградиле соларен картел за лично богатење. Фирмата Пиксел која е основана од Димитар Ковачевски и неговиот кум, и преку фирмата КМГ ЕОЛ Квазар изминативе години, само од државните институции земале над два милиона евра. Над 1.8 милиони евра, соларниот картел земале и од ЕВН, која дел од сопственоста е на државата, каде што сега премиер е профитерот и дезетер Ковачевски, се наведува во соопштението на партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека исто така фирмите на Ковачевски и Паунов добиваат и државна помош.

„Аферата Броило продолжува и денеска, ќе бидат објавени нови докази за над 26 милиони евра вредниот соларен картел на Ковачевски и неговиот кум Паунов. Димитар Ковачевски е главата на ова злосторничко здружување. За секој сторен криминал, злоупотребувајќи ги кризите во Македонија ќе има одговорност“, се наведува во соопштението.