ВМРО-ДПМНЕ на исценираните инциденти на Левица гледа евтина, договорена драма меѓу Апасиев и Левица со ДУИ и СДС

-Присутната коалиција СДС, Левица и ДУИ во градот Скопје од денес започна да функционира и во Собранието, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Навистина е чудно бурното реагирање на Левица за Деловникот, наспроти молчењето во Собранието за францускиот предлог или за скандалот на онкологија. Всушност Апасиев кога не беше за филибастеринг и беше коалициски партнер на СДС и советник на СЈО заговараше минатиот претседател на Собрание Велјановски да биде избркан на (цитираме) “шамари, клоци и тупаници”, се наведува во партиското соопштение.

„Евтиниот театар на Левица, ДУИ и СДС за тема која никако не е приоритет на граѓаните само го покажува лудилото на власта и нивните слуги до каде може да одат во ловот по евтини поени“ – порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.