ВМРО-ДПМНЕ на лидерска ќе истапи со услови и барање гаранции за заштита на здравјето на граѓаните

ВМРО-ДПМНЕ на лидерската средба во вторник ќе настапи со, како што нагласуваат од партијата, разумни барања и услови за оддржување на фер и кредибилни избори каде што ќе се гарантира првенствено здравјето на граѓаните и ќе се создаде слободна и фер атмосфера за нивно оддржување, дознава „Република“ од свои извори од партијата.

Засега не откриваат кој е датумот кој сметаат дека е најповолен, но посочуваат дека во тоа најголема улога ќе игра сочувувањето на здравјето на граѓаните.

Во анализите за тајмингот за одржување на изборите клучно е здравјето на граѓаните и тоа е појдовната точка која ќе определи кога истите ќе се оддржат, велат во ВМРО-ДПМНЕ.

Kако што сега стојат работите, состојбата е далеку од нормализирана посочуваат од владеачката партија.

Претседателот на партијата, Христијан Мицкоски, правел опсежни анализи и консултации по што ќе настапи на лидерската со свои барања и услови од кој ќе зависи времето на оддржување на изборите.

Од таму не ја кријат загриженоста за здравјето и потенцијалот за лесно распламтнување на коронавирусот. Во однос на кои точно се барањата истите за првпат ќе ги соопшти лидерот Мицкоски на лидерската средба. Тие се убедени во убедлива победа и поддршката од народот но и дека не се потребни избори по цена на човечкото здравје и животи.