![zagaden-vozduh](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2016/11/zagaden-vozduh.jpg?resize=685%2C385&ssl=1)
ВМРО-ДПМНЕ денеска организира протести во пет градови поради големото загадување на воздухот. Протестите ќе започнат во 19 часот, а ќе се одржуваат во Скопје (пред Владата), Битола, Струмица, Тетово и Куманово.
-Владата на СДСМ продолжува со својата неодговорна политика во однос со најгорливото прашање – загадениот воздух. Загадениот воздух и во ек на пандемија убива, а власта вели дека тоа е само магла, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата велат дека поради неспособноста на владата предводена од Заев животот на граѓаните е изложени на опасност.
ВМРО-ДПМНЕ апелира поради високата загаденост на воздухот, паралелно со пандемијата на КОВИД-19, бремените жени и хронично болните да се ослободат од работа, и во приватен и во државен сектор.