Владејачката ВМРО-ДПМНЕ има зголемен рејтинг и останува на првото место. Ова го покажува анкетата на Маркет вижн, претворена во гласови на изборите. Според неа, 45, 2 % би гласале за ВМРО-ДПМНЕ, а 11, 2 % за СДСМ. Дури и партиите ДУИ и ВРЕДИ имаат поголем рејтинг од социјалдемократите.
Истражувањето на јавното мислење е спроведено од 16 до 24 септември 2024 година на 1.200 испитаници.