Сведоци сме на недомаќинското работење на СДС и актуелниот градоначалник, Дамјановски, како и постојано уназадување и уништување на градот. Личните и бизнис интересите се секогаш пред интересите на граѓаните, велат од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Куманово.
Оттаму истакнуваат дека ова штетно правило како вирус го има зафатено Куманово над 12 години.
Според ОК Куманово, на влезот на Куманово се формира големо езеро ској пат кога ќе заврне дури и најмал дожд. Појаснуваат дека одводната канализација која на тој дел е нефункционална е во надлежност на општината Куманово, и како што велат, за овој проблем надлежните немаат слух, ниту пројавиле желба за негово санирање.
-Дали ова езеро е начин на кој се пречекуваат туристите или начин според кој го одбегнуваат. Срамно е за град како Куманово во 21. век секојдневно граѓаните да се среќаваат со ваков проблем. За жал, во Куманово покрај овој дел на градот, постојат и други места во градот каде што се уште нема канализационен систем и места каде што се уште постојат инфраструктурни проблеми, посочуваат од ОК ВМРО-ДПМНЕ Куманово.
Оттаму апелираа до надлежните, интересите на граѓаните да ги стават во прв план.