![собрание](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2017/05/132826823.jpg?resize=675%2C310&ssl=1)
Претседателот на Комисијата за европски прашања Артан Груби за утре во 11 часот ја закажа седницата за амандаманската расправа за Законот за јазиците.
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ нема да учествуваат во работата на парламентарните тела и заседанија. Според пратеникот Горан Манојловски во ситуација кога шестмина нивни колеги се во притвор нема соодветни услови за тие да партиципираат во работата на Собранието.
Манојловски информираше дека овие денови пратениците на ВМРО-ДПМНЕ имале интезивни средби со повеќе меѓународни претставници, а воедно и со повеќе лица кои што се директно засегнати во овој процес.