ВМРО-ДПМНЕ: Наместо скапи коктели, Владата треба да се справува со пожари за да ги заштити имотите и животите на граѓаните

Власта наместо да спие треба навреме да се подготви оваа сезона за справување со пожарите. Временските прилики треба да го запалат алармот во владата и наместо скапите коктели зад високи ѕидови, да почнат да ги активираат сите расположливи ресурси за заштита на животите и имотите на граѓаните исто како и природните богатства, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата посочуваат дека минатата година беше тотална катастрофа.

– Власта дозволи пожарите да се прошират и да загрозат цели населени места. Да не беше помошта од пријателски зземји кој знае како ќе поминевме. Неспособноста на Владата чинеше многу, изгорени хектари шуми, плевни, куќи, милионски штети и несогледливи последици по природата. Доколку навреме се интервенира, таквите штети се далеку помали. Очекуваме владата да ја научила лекцијата од минатата година и внимателно ќе ја следи ситуацијата со пожарите секаде низ Македонија и навремено ќе се интервенира. Македонија и граѓаните не можат да си дозволат да страдаат поради неспособноста на власта, се додава во партиското соопштение.