ВМРО-ДПМНЕ: Наместо ветената професионализација на институциите, СДСМ донесе брутална партизација

СДСМ во текот на изборите ветуваше професионални државни институции и департизиран државен апарат, но само по еден месец откако дојдода на власт јавноста имаше можност да се увери како нивни пратеници ветуваат противправни услуги и привилегии за членовите на партијата, а институциите ги полнат со партиски кадри и кадри на фондацијата Сорос.

„Граѓаните видоа како Курто Дудуш од СДС ветува привилегии за граѓаните кои поседуваат членска книшка на СДС, дека истата ќе биде втора лична карта и дека со неа ќе можат да се прават сообраќајни прекршоци без притоа да бидат казнети од полиција, поседувачите на истата ќе имаат привилегии на лекар и во социјално“, се исканува во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Се оценува дека ваквите ветувања претставуваат срамен чин во сиот демократски свети, бидејќи ја поткопуваат правната држава и принципот на владеење на правото.

„СДС ветува целосна партизација на општеството до најситните пори на истото, тоа не смее да остане премолчено и заборавено“, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ и ги повикуваат сите меѓународни претставници во Македонија и меѓународната заедница да реагираат на ваквото прекршување на демократските принципи во нашата држава.

Во реакцијата се нагласува дека по само еден месец министерствата и владата се пополнети со некомпетентни партиски кадри и кадри на фондацијата Сорос, и тоа се заобиколување на законските прописи.

„СДС постави директори на Службен весник, Државниот завод за статистика, Агенцијата за млади и спорт, Државниот архив и Управниот инспекторат, без притоа да ги испочитува увери законските процедури. Под државна капа СДС ги стави соросовците, Зоран Бојаровски, Бојан Маричиќ, Дане Талески, Марјан Забрчанец, Петрит Сарачини, Никола Наумовски, Петар Арсовски, Ѓунер Исмаил, Бранимир Јовановиќ и многу други кои беа дел од таканаречената Шарена револуција, која причини огромна материјална штета на објектите, мостовите и спомениците во градот Скопје“, се посочува во соопштението.

Од ВМРО=ДПМНЕ порачуваат и дека од новата власт се очекувало професионален државен апарат во служба на граѓаните, а не партиска држава со привилегии за членовите на СДСМ,а другите ќе бидат граѓани од втор ред.