Здравствениот систем во Македонија, согласно спроведените реформи, прераснува во еден од водечките во регионот, истакна Миле Пачемски, пратеник во Собранието од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
„До пред осум години здравството во Македонија се повеќе тонеше, а пак здравствените установи во државата беа во катастрофална состојба. Денес повеќе не е така. Здравствениот систем во Република Македонија преку реформите кои оваа Влада предовдена од ВМРО-ДПМНЕ ги спроведува, полека но сигурно прераснува во едно од водечките во регионот и здравсто во кое што граѓаните имаат се поголема доверба“, рече Пачемски.
Како еден од поголемите проекти во областа на здравството, истакна тој, се смета набавката на нова и современа медицинска опрема која што е распоредена и дополнително се распоредува во сите здравствени установи во државата.
„Со оваа набавка беа обезбедени повеќе апарати како што се мамографи, компјутерски томографи, магнетни резонанци, литотриптопи, ангеорафи, акцелератори и многу други апарати кои влијаат за многу брзо и ефикасно дијагностицирање и лекување на пациентите. Со распределбата на оваа опрема ширум Македонија пациентите повеќе не мора во случај на различни болести да поминуваат стотици километри за да ја добијат потребната здравствена услуга. Уште еден голем проект кој веќе е започнат е изградба на комплетно нов Клинички центар во Скопје. Новиот Клинички центар се очекува да биде готов за три години и да овозможи уште подобри и поквалитетни услови за грижа на пациентите“, нагласи тој.
Инвестициите во здравството претставуваат сериозни проекти од кои најголем бенефит ќе имаат сите граѓани и здравствените работници. Сите овие проекти досега надминуваат вредност од над 200 милиони евра.
Оваа Влада, како што рече тој, предводена од ВМРО-ДПМНЕ е единствена Влада досега која што го направи најголемиот инвестициски циклус во здравството.