Пратениците на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ и денеска го бојкотираат Собранието и нема да присуствуваат на пленарната седница на која пратениците ќе имаат можност да поставуваат пратенички прашања.
ВМРО-ДПМНЕ го почна бојкотот на парламентот затоа што дел од пратениците се наоѓаат во притвор, како осомничени за настаните од 27-ми април.
Пратеничките прашања се одржуваат во последниот четврток од месецот.