ВИДЕО: ВМРО ДПМНЕ не се враќа во Собранието

Пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ нема да учествува на утрешната седница на којашто на дневен ред се пратенички прашања.

Привремениот координатор на пратениците на опозицијата, Влатко Ѓорчев во вестите на Канал 5 рече дека дефинитивно тој и неговите колеги нема присуствуваат на утрешната седница.

Причините за ваквата одлука, според Ѓорчев, е последната одлука на судот со којашто на 29 лица осомничени за настаните од 27 април во Собранието им се продолжи 30-дневниот притвор.