Од ВМРО-ДПМНЕ вчера го повикаа лидерот на опозицијата Зоран Заев да објави се што има и поседува за „Монструм“ без да одолговлекува, бидејќи како што велат, нема ништо спорно во тој случај, пренесе „Курир“.
-Поради тоа што Зоран Заев во континуитет се заканува со објавување на креирани снимки за случајот Монструм и поради тоа што ние сме убедени дека нема ништо спорно во целиот тој случај, денес јавно апелираме да објави се што има и поседува без да одолговлекува.
Од ВМРО-ДПМНЕ најавија дека за разлика од Заев, кој продолжува да манипулира, тие ќе продолжат да работат во интерес на граѓаните, политичката стабилност, економскиот развој и отварањето на нови работни места.
-ВМРО-ДПМНЕ ќе го искористи следниот период за организација на партиската структура за одговор на сите можни црни сценарија подготвени и организирани од Зоран Заев.