![vlada so kovacevski](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/01/vlada-so-kovacevski.jpg?resize=696%2C392&ssl=1)
Несериозно е предлози кон измени на Законот за Влада премиер да испраќа преку медиумите, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата посочуваат дека предлози за работни групи за измени за Закон за Влада и Изборниот законик не се договараат преку дописи, соопштенија или медиуми.
– Барањето за укинувањето на т.н. Пржинска влада не е доказ дека системот е под контрола, туку е доказ дека техничките влади не функционираат во висина на задачата, се додава во партиското соопштение.