СДС треба да ги препрочитува своите реакции и соопштенија, да се сконцентрира и да подготви подобри и поаргументирани реакции иако во една ваква очајна ситуација во која се наоѓа државата тешко да најдат, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Инаку вака звучат како виц од К15 во кој се обидуваат да се докажуваат кој е Американец, кој е Русин, а кој Кинез. Кој е со Германците, кој е со Шпанците, кој е со Јапонците. Да не е ова вака сериозна работа во која се случува страшна пљачка на очиглед на јавноста, можеше и да се посмееме заедно.
Еве да им ги скратиме маките ке им кажеме ние сме за Македонците и за Македонија и за сите други граѓани кои живеат тука.
Тие додека се обидуваат да се пронајдат себе си некаде меѓу Пацификот и Атлантикот забораваат дека се 6-та година власт во држава која е во слободен пад, со народ кој не може веќе да ги гледа нивните глупости и криминалии и недостаток на визија, работа и проекти. Но, ќе видат на следните избори, што ќе ги снајде, дури тогаш ке сфатат дека живеат во меур од сопствени глупости и теми кои се теми само во нивните глави“ – велат од партијата.