Очигледно СДС и медиумите блиски до нив продолжуваат со дефокусирање од вистинските теми и СДС сака помалку да се зборува за теми како името, ставовите околу оваа тема, а повеќе за евтин популизам и за тоа каков бил ентериерот на владата, притоа манипулирајки и изнесувајки грст лаги.
Никаков бункер не е направен, туку при реновирањето спроведени се минималните стандарди за безбедност. Објектот и пред реновирањето имаше блиндирани стакла во канцеларијата на премиерот, што е нормална заштита за таков вид на објект.
Напоменуваме дека објектот во два наврати беше цел на напад со фрлање бомба од далечина, односно беше гранатиран. Ентериерот, и она што е потребно за обезбедување на минимална безбедност, како и целокупниот објект останува во трајно наследство и сопственост на Република Македонија.
Досега не гледаме дека Заев и неговите министри практично се противат на се што е направено, освен тоа што го користи сето ова за дневен и лицемерен популизам.
Граѓаните не сакаат лицемерие туку работа, и остварување на ветеното.