Состојбата во државата е многу лоша, катастрофална. Тоа се гледа и на анкетите на јавното мислење. Тоа што ВМРО-ДПМНЕ го нуди е надеж, а тоа е дека овие седум години никогаш нема да се повторат и во име на тоа по неколку месечна напорна работа консултации со лица од многу области го подготвивме овој документ Платформа 1198 симболично таа е бројката на политики проекти кои идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги реализира, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на гостување во МРТ во централниот Дневник.
Мицкоски укажа која е идејата на партијата, односно што мислат да постигнат со Платформата.
-Со тоа ќе ја смениме перцепцијата од денешната реалност и ќе симболизира надеж. Сето тоа ќе го реализираме во 4 годишен мандат, за некои можеби ќе треба и повеќе време, кажа Мицкоски.
Идејата ни е, додаде тој, да донесеме надеж кај граѓаните дека можело да биде поинаку.
„Дали сме успеале во тоа ќе видиме, пред нас се неколку недели кампања. Убеден сум дека со презентација ќе предизвикаме чувство кај граѓаните дека Македонија може да почне да победува, а да престане да губи, да се надеваат дека доаѓаат такви политичари со кои може да победува“, рече Мицкоски.