
ВМРО-ДПМНЕ денес ги објави имињата на кандидатите за градоначалници кои на претстојните локални избори со богата програма ќе ја бараат довербата од граѓаните.
ВМРО-ДПМНЕ на претстојните локални иззбори ќе излезе со најдобрата и најквалитетна понуда за кандидати за градоначалници и советници. ВМРО-ДПМНЕ секогаш примат му дава на индивидуалниот квалитет на поединецот и неговата репутација во општетството. Ние нудиме кандидати кои имаат визија и цел како од своето населено место, село и град да направат подобро место на живеење, со еднакви можности за успех на сите граѓани.
Токму затоа ВМРО-ДПМНЕ ја нуди најквалитетната кадровска и програмска понуда. Дозволете ми со големо задоволство да ви соопштам дека Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, на Централниот комитет му ги предлага следните кандидати за градоначалници:
- За Битола, Зоран Илиоски, актуелен пратеник во Собранието на Република Македонија, претседател на комисијата за избор и менување во Собранието, поранешен директор на ЈП „Комуналец“ во Битола, дипломиран електротехнички инжинер, угледен и почитуван граѓанин во Битола и битолско.
- За Бутел, Дарко Костовски, актуелен претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Бутел, дипломиран политиколог, вработен во министерството за труд и социјална политика и актуелен советник во Советот на општина Бутел, успешен спортист и тренер на македонската Таеквондо федерација.
- За Штип, актуелниот градоначалник, Илчо Захариев, квалитетен кадар, со голем број на реализирани проекти, познат фармацевт со национално реноме, почитуван помеѓу штипјани.
- За Виница, Мартин Павлов, актуелен претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Виница, лекар со долгогодишен стаж во градот, угледен и почитуван граѓанин во поширокиот регион.
- За Чаир, Нермин Теловска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, специјалист по дефектологија, човек со голем углед во својата професија и место на живеење.
- За Босилово, актуелниот градоначалник, Љупчо Колев, кој покажа одлични резултати во своето работење при управувањето со општината и има реализирано голем број на проекти за доброто на граѓаните.
- За Струга, Сеад Солаковски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, лекар по професија, почитуван граѓанин во Струга и струшко.
- За Свети Николе, актуелниот градоначалник на градот, Зоран Тасев, кој своето работење го одликува со голем број на ветени и реализирани проекти.
- За Ново Село, актуелениот градоначалник, Блажо Велков, човек со големи достигнувања, и голем број на остварени проекти за Босилово.
- За Василево, актуелниот градоначалник, Ванчо Стојанов, докажан и квалитетен кадар, со огромен број на реализирани проекти за граѓаните.
- За Кочани, актуелниот градоначалник, Ратко Димитровски, човек со докажани квалитети, познат и почитуван стопанственик и голем работник.
- За Ресен, актуелниот градоначалник, Ѓоко Стрезовски, градоначалник кој во изминатиов мандат има реализирано голем број на проекти за Ресен и Ресенско, човек со углед во средината на живеење.
- За Чешиново Облешево, Горан Зашов, директор на водостопанско претпријатие, почитуван и угледен граѓанин.
- За Гевгелија, актуелниот градоначалник, Иван Франгов, градоначалник со голем број на реализирани проекти, докажан пред гевгеличани со квалитетна работа.
- За Македонска Каменица, актуелниот градоначалник, Дарко Митевски, градоначалник кој има остварено голем број на ветувања и направено голем број на проекти.
- За Дојран, актуелниот градоначалник, Борче Стамов, кандидат со икслучителни квалитети, докажан како градоначалник во својата работа со многу остварени проекти.
- За Кисела Вода, Јохан Тарчуловски, пратеник во Собранието на Република Македонија.
- За Зрновци, актуелниот градоначалник, Блаже Станков, кој во текот на својот претходен мандат оставари голем број на проекти и инвестиции.
- За Крива Паланка, актуелниот градоначалник, Арсенчо Алексовски, градоначалник со многу дела зад себе за граѓаните на Крива Паланка.
- За Охрид, Митко Тилев, доктор специјалист по ортопедија, вработен во специјалната болница Св. Еразмо во Охрид, почитуван во својата професија и помеѓу жителите на градот, како работлив и човек од збор.
- За Сопиште, актуелниот градоначалник, Стефче Трпковски, кој оваа општина ја направи едно од најатрактивните места за живеење.
- За Богданци кандидат за градоначалник е Никола Роглев, човек од народот, докажан во својата работа, кој ќе го врати сјајот на оваа општина.
- За општина Маврово Ростуше кандидат за градоначалник е Алим Билали, актуелен претседател на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и голем работник.
- За Долнени, Пецо Вајгалевски, актуелен претседател на Општинскиот Комитет, вреден и одговорен човек кој влева доверба кај гласачите.
- За Кавадарци кандидат за градоначалник е Митко Јанчев, познат стопанственик, успешен човек, кој остварил голем број успеси во приватниот сектор, кој може многу да придонесе и за развојот на Кавадарци.
- За Неготино кандидат за градоначалник е Златко Пенков народен човек кој ужива голем углед помеѓу граѓаните.
- За општина Крушево кандидат за градоначалник е Ѓорги Дамчески кој реализираше многу проекти во интререс на граѓаните и човек кој ќе го врати Крушево на туристичката мапа.
- За општина Дебрца кандидат е Игор Трајковски, актуелен градоначалник докажан со многу реализирани квалитетни проекти.
- За Демир Хисар, актуелниот градоначалник, Љупчо Блажевски, почитуван и угледен граѓанин, кој како градоначалник има реализирано голем број на проекти.
- За Ранковце, Роберт Симоновски, актуелен претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ, почитуван граѓанин и голем работник.
- За Чашка, Зоран Здравевски, актуелен претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Чашка,
- За Јагуновце, актуелниот градоначалник, Тони Коцески, градоначалник со голем број на остварени проекти позади себе.
- За Карбинци, актуелниот градоначалник, Зоран Минов, кој има остварено голем број на проекти.
- За Конче, актуелниот градоначалник, Благој Јованов, кој една од најмалите општини ја претвори во убаво место за живеење.
- За Пехчево, актуелниот градоначалник, Игор Поповски, истиот зад себе има многу реализирани проекти и инвестиции.
- За Пробиштип, актуелниот градоначалник, Тони Тоневски, кој има реализирано голем број на проекти и инвестиции.
- За Градско, актуелниот градоначалник, Жанета Чаушевска, докажан и квалитетен кадар, која има реализирано поголем број на проекти за својата општина.
Овие кандидати како и досега промовираните кандидати се потврда на нашиот приоритет и понатаму да работиме посветено на континуиран развој на општините и квалитетно на живеење на граѓаните. Тие ќе бидат тимот кој ќе продолжи да гради нови улици, училишта, градинки, локални патишта, да ја подобрува комуналната услуга, да изгради нова инфраструктура и пред се да биде подобар сервис за потребите и барањата на граѓаните, изјави Емил Димитриев.