Граѓаните сe жртви на криминалното работење на СДСМ. Криминалниот октопод на СДСМ на чело со Заев со своите пипци навлезе во сите пори на општеството, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
-СДСМ го промовира и штити криминалот. Обвинителството мора да се ослободи од стегите на власта и да постапува во согласност законите и правото. Правдата мора да важи подеднакво за сите, вклучувајќи ги и високите државни и партиски функционери од СДСМ, стои во реакцијата и се додава:
„ВМРО-ДПМНЕ кога ќе дојде на власт ќе воспостави неселективна правда и тогаш сите вклучувајќи го и Зоран Заев ќе одговараат пред правдата и законот“.