-Во овој момент се врши тешка кражба во Дрисла каде се изнесува бакар како отпадно железо, МВР на Спасовски молчи, власта се богати. Во овој момент според нашите основани сомневања и информации во Јавното претпријатие Дрисла, се врши тешка кражба на бакар кој се изнесува под ставката отпадно железо, информира ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение до јавноста.
Тие посочуваат дека МВР на Спасовски молчи и премолчено одобрува изнесување на материјал вреден десетици илјади евра.
– Власта се богати, додека Данела Арсовска која е миленичето на СДС, менаџира случај каде има основано сомневање за криминал тежок до стотина илјади евра. Ваков криминал не е можен без поддршка и знаење на централната власт. Вака се обезвреднуваат јавните претпријатија од страна на нова крими коалиција Арсовска – СДС, се додава во партиското соопштение.