Директорот на Царинската управа, Стефан Богоев, држеше вонредни прес-конференции објавувајќи дека царината запленила хартии од вредност во износ од 92 милиони евра, но по само три дена медиумите објавија дека тие немаат никаква вредност, бидејќи биле со истечен рок а нивниот сопственик бил починат, велат од ВМРО ДПМНЕ.
„Всушност медиумите открија дека обврзниците за кои Богоев правеше пиар имаат вредност на тоалетна хартија.
Хартиите од вредност како акции, обврзници, записи се дематеријализирани, односно се во електронска форма. А тоа кај нас е сторено уште во 2001 година со формирањето на Централниот депозитар, така што сите видови на хартии од вредност сите се во електронска форма.
Ова само покажува аматеризам и неспособност од страна на Богоев.
Му порачуваме на Богоев наместо да држи прес конференции со кои се фали дека открил некаков криминал, енергијата да ја насочи кон работење бидејќи е платен од народни пари“, порачуваат од опозициската партија.