
Нашиот став во однос на ова прашање односно за измените на Изборниот законик е и од повеќе јасен, и претседателот Христијан Мицкоски го потенцираше, изјави во петокот лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, одговарајќи на новинарско прашање кога партијата ќе ги поднесе измените за Изборниот законик
Претходните денови од главната опозициска партија повеќепати посочија дека го поддржуваат барањето на помалите партии за измени на изборните правила и формирање на една изборна единица, но досега не беше спомнато дека таа е условена со предвремени избори.
„Она што сакам да го кажам е дека се нејасни позициите на СДСМ. Ние сѐ уште од СДСМ немаме слушнато кој е нивниот став по однос на ова прашање околу Изборниот законик. Од една страна ги манипулираат нивните коалициони партнери и помали партии дека се за предлогот една изборна единица, а од друга страна се согласуваат дека техничката Влада се покажа како неуспешна. А, од трета страна не сакаат да излезат на избори и бегаат од избори, се плашат бидејќи знаат дека ги чека пораз и оставаат да граѓаните да одлучат. Еве уште еднаш јавно прашуваме кој е ставот на СДСМ? Јасно и гласно да го кажат во однос на Изборниот законик и едната изборна единица, за конечно да прекинат да ги манипулираат нивните коалициони партнери и помали партии“, рече Арсовски.
Порпаролот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека партијата има јасен и веќе соопштен во јавнсота став и по прашањето дали ќе се појават на ткн лидерска средба со премиерот Димитар Ковачевски кога тој е дециден дека СДСМ нема да прифатат предвремени избори.
„И тука нашиот став е јасен, она што сакам јас да го поставам како прашање зошто Димитар Ковачевски се плаши да оди на предвремени парламентарни избори. Нормално, најверојатно дека знае дека тој ќе биде вреќата во којашто граѓаните ќе го истурат гневот и ќе му нанесат пораз, и дали се плаши да оди на избори да не 12 години коишто ги споменува во јавност бидат само 12 недели, затоа доколку не се плаши, нека повели нека оди на избори па да види што мислат граѓаните за него и за СДСМ“, рече Арсовски.
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека економијата може навистина да ги приближи Македонија и Бугарија во однос на соработка ,еѓу компаниите, бизнис секторот, стопанството…, одговарајќи на новинарското прашање како неговата партија гледа на формирањето работни групи со спседната земја и дали може двете држави преку економијата да ги решат отворените прашања.
„Во однос на решавање на проблеми дали ќе ги решат проблемите на двете држави тоа не можеме да бидеме сигурни, да знаеме, но можам да бидам сигурен дека соработката, економската соработка помеѓу двете држави ќе реши проблеми на илјадници граѓани коишто се без работа, коишто немаат работа, и нормално тоа може да иницира и отварање на нови работни места, каде што ќе се решат горливи проблеми на граѓаните во однос на нивната егзистенција“, рече Арсовски..