Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека Димитар Ковачевски не го штити, туку го продава македонскиот идентитет и Македонија.
-Едно збори пред камерите, а зад камерите гледаме како се смее и одобрува Македонија да се нарекува Западна Бугарија. Ковачевски и ова СДСМ се антидржавни елементи преку кои Македонија доживува понижувања. Во стилот на измеќар од Македонските Народни Приказни го видовме како се смее и одобрува едно од најголемите понижувања за Македонија. Еден Заев се замени со друг, во ликот на Ковачевски, стои во партиското соопштение.
Потребно е Ковачевски поради оваа скандалозна изјава веднаш да си даде оставка и да се извини.