
ВМРО-ДПМНЕ осудува говор на омраза и повици за насилство, и тоа треба да го направат и сите останати политички чинители. Споделувајќи ги демократските вредности очекуваме допрецизирање и појаснување за таквите наводи со цел надлежните институциите поефикасно да превенираат такви случаи, се наведува во соопштението од Центарот за комуникации на партијата.