ВМРО-ДПМНЕ: Јовевски е избор на Заев за Уставен суд, како награда за заштитата на криминалот на власта и селективната правда

Најавата дека шефот на обвинителството Љубомир Јовески го подготвуваат за уставен судија е уште еден показател на трас-трас судството на Заев. Јовевски беше и е главен политички егзекутор кој работи по диктат на Заев, кој како и во испробаниот метод со Добрила Кацарска, Заев го токми за уставен судија. Тоа е наградата за овие четири години селективно обвинителство кое го штитеше и заташкуваше криминалот на власта, а по нарачка на Заев отвораше политички процеси против неистомислениците на аболицираниот криминалец. Впрочем токму Јовевски беше шеф на обвинителството кога Заев беше ослободуван од очигледни криминали, кога не се отвораа предмети како снопчињата пари во чантата на Ден Дончев, случајот „Леонардо“, насилството на градоначалникот на Шуто Оризари и десетици други големи криминали, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

– Доколку Јовевски стане уставен судија, тоа нема да биде поради неговата компетентност и авторитет, туку поради желбата на Заев од Уставниот суд да направи партиско дувло кое ќе му го штити криминалот и корупцијата која владее во секоја пора од неговото владеење. Заради ваквото обвинителство чиј шеф е Љубомир Јовевски Македонија е на дното во борбата против корупцијата во Европа и светот, и поради ваквото обвинителство чиј шеф е Јовевски Македонија е најкриминализираната држава во Европа, во која власта и криминалците се во синергија и коалиција, посочуваат ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат дека со Заев и ликови како Јовевски нема правна држава, туку хибриден режим кој Македонија ја закова на дното по сите параметри во Европа