ВМРО-ДПМНЕ: Пендаровски е слуга на Заев, призна дека ѝ угодува на Софија

Стево Пендаровски го ословуваше бугарскиот премиер Бојко Борисов со „љубави”, но освен додворување конкретна корист за државата не видовме. Пендаровски призна дека дава изјави со цел да и се додвори на бугарската негаторска политика, на штета на Македонија, се вели во реакција на ВМРО-ДПМНЕ на ставовите на претседателот Стево Пендаровски, изнесени во „Само интервју“ на Канал 5 телевизија.

„Претседателот на државата призна дека дава изјави такви со какви им угодува и ги задоволува желбите на Софија на сопствена штета за државата, како таа дека херојот Гоце Делчев бил Бугарин. Со други зборови освен на Заев, Стево Пендаровски е на услуга на Бугарија кој дава изјави без обзир за принципите и вистината, и без обзир за македонските државни интереси. Пендаровски покажа дека е продолжена рака и слуга на штетните политики на Заев, и неговата улога се сведува да ги оправдува и надградyва неговите предавнички политики“, реагира опозициската партија.

Ако договорот кој Заев го склучил бил ист како оној кој е преговаран од Костов и Љубчо, вели ВМРО-ДПМНЕ, зошто тогаш не бил склучен договорот кој денес го постигна Заев?

„Одговорот е зошто ниту една влада, вклучително и тие на СДСМ порано не преземаа обврски со еден таков штетен договор. Ветото од Бугарија е последица на штетниот договор на Заев, со што ја отвори паднорината кутија која денес го обезличува идентитетот на Македонците и државата. Пендаровски не даде одговор како и што понатаму со државата откако неговиот шеф Заев ја втурна земјава во слепа улица. Ако нон пејперот кој Заев го понуди на Бугарија е технички, тогаш зошто воопшто се понудил документот или пак причината зошто се крие е зошто со тој документ Заев самоволно се откажува од македонското малцинство, историјата, јазикот. Ваквото безидејно интервју покажува дека со ставовите на Заев и Пендаровски единствено среќни би биле бугарските власти“, вели ВМРО-ДПМНЕ.