ВМРО-ДПМНЕ: По безбобразното однесување на Зиков, бараме Ковачевски веднаш да го разреши

Интегрално соопштение од ВМРО-ДПМНЕ: 

ВМРО-ДПМНЕ изразува згрозување од дрскоста и безобразлукот на Љупчо Зиков кој е именуван функционер од Владата на Ковачевски.

Тој ја навреди јавноста и сите кои бараа одговори од него за енормната висина на плата која ја добива од државното МЕПСО.

После недоличните и крајно безобразни навреди на Љупчо Зиков кој е на функција во МЕПСО со примања од 80 илјади денари добиени од граѓаните очекуваме Ковачевски експресно да го разреши.

Во спротивно однесувањето на Зиков и навредите ги сметаме за нарачка од Димитар Ковачевски.