ВМРО-ДПМНЕ: По корона-изборите во Штип, „ситуацијата е под контрола“ на Филипче пукна како бомба

По корона изборите во Штип, „ситуацијата е под контрола“ на Венко Филипче пукна како бомба во СДСМ и Владата. Игранката од корона изборите во Штип заигра во СДСМ. По ората, седенките во кафеана позитивен на КОВИД – 19 е генералниот секретар на СДСМ и вицепремиер за борба против корупција, Љупчо Николовски, а со него славеа кандидатот за градоначалник, Сашко Николов, Костадин Костадинов, Зоран Заев, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„На денот на старт на кампањата за избор на градоначалник на Штип имаше 1.487 починати, сега веќе 2.254 починати или за помалку од еден месец 767 починати. Но, тоа не ги загрижи ниту Заев, ниту Филипче. Не ги загрижи ниту Николовски кој се стави во функција на изборите, во функција на партискиот другар Николов, а токму тој Николовски нели како вицепремиер ќе се бореше со корупцијата. Николовски е синоним за непочитување на правила. А, со него на денот на изборите, на орото беа и Заев и Николов. Заев со Шахпаска беше во градинка во Ресен, со Мила Царовска го посети училиштето во Пустец, истакнуваат тие.

Од партијата велат дека Сашко Николов по корона изборите беше и во Собранието.

-Сите молчат, никој од оние кои беа во контакт со Николовски кој е позитивен ги нема, продолжуваат да се шетаат.         Одговорност за ваквото однесување мора да има!  Заев и Владата мора да одговараат, порачуваат од партијата.