ВМРО-ДПМНЕ го поддржува сенародниот протест „Ултиматум – Не благодарам“ и ги повикува граѓаните да учествуваат масовно, гласно и достоинствено и на денешниот собир закажан за 19 часот пред платото на Владата.
„Побројни и помотивирани да продолжиме да го изразуваме нашиот став против уцени и диктати кои оваа влада е подготвена да ги прифати и на тој начин да го асимилира сопствениот народ и да предизвика трајна штета на националните и државните интереси. Се работи за одбрана на Македонија и обврска на сите, без разлика на нивната етничка, верска или политичка припадност, што помасовно да се вклучат во овие народни протести. ВМРО-ДПМНЕ дава поддршка на достоинственото и мирно право на протест на Македонските граѓани во одбрана на идентитетот и против асимилацијата, но во исто време како партија ја разгледуваме опцијата овие протести да се продолжат со останување пред Владата“, стои во партиското соопштение.
Од ВМРО-ДПМНЕ повикуваат граѓаните да се побројни и помотивирани и денес пред платото на Владата со почеток во 19 часот да кажат Ултиматум – НЕ БЛАГОДАРАМ