![276007683_364560948878385_3749519376517481533_n](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/03/276007683_364560948878385_3749519376517481533_n.jpg?resize=696%2C428&ssl=1)
ВМРО-ДПМНЕ денеска повторно го поднесе Законот за акцизите, овојпат по ИТНА ПОСТАПКА, со цел намалување на акцизите за бензинот и дизелот за 50%, а на метанот и течниот нафтен гас (плин) за 100%.
„Моделот на Владата за намалување на акцизите е сложен и, како што гледаме, нема позначаен ефект. Во моментов, акцизата за дизел и бензин горивата е намалена за само 1 денар. Намалувањето на акцизата не треба да биде врзано со движењето на цената на барелот, туку треба да е фиксно.
Затоа, денес повторно го поднесовме законот за акцизите, овојпат по ИТНА ПОСТАПКА, со цел намалување на акцизите за бензинот и дизелот за 50%, а на метанот и течниот нафтен гас (плин) за 100%.
Со овој наш предлог, цената за еден литар дизел гориво веднаш ќе се намали за 9 денари, за литар бензин ќе се намали за 12 денари, а за метанот и плинот за 5,5 денари по литар“, објави пратеничката Дафина Стојаноска на својот Фејсбук профил.