Македонија блеска само во очите на Заев кога ја гледа од луксузните германски зимски центри или од скапите грчки апартмани. Македонија му блеска затоа што не остана бизнис кој не го приграбија со неговиот брат и поширокото семејство. Македонија ми блеска затоа што нивите со марихуана му изгледаат раззеленето додека покрај нив вози прескапо мотори, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
-Време е власта да ги симне розовите очила и да се соочи со реалноста која ја живеат повеќе од 500 илјади граѓани, кои денот го поминуваат со еден оброк. Повеќе од 500 илјади граѓани живеат под прагот на сиромаштијата, а Зоран Заев вели дека блескаме. Во првите 3 месеци од новата година реализацијата на капиталните инвестиции е изнесува катастрофални 6 проценти, нема нови проекти, а оние кои беа започнати од претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ намерно не се завршуваат. Ова не се случува во држава која блеска. Македонија и секој еден граѓани кој живее во неа е жртва на аболицираниот Заев и неговата криминална банда и никако да дојде крај понижувањата кој тој секојдневно им ги сервира на македонските граѓани, се наведува во соопштението на партијата.
Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат: „Не може да блеска една држава во која секој ден по социјалните мрежи гледаме апели за помош, за граѓани кои не можат да си дозволат да се лекуваат, да си дозволат пристојно живеалиште и задоволување на основните потреби за живот“.
-Како може Македонија да блеска кога нејзините граѓани го дишат најзагадениот воздух во светот, а во 21 век среде Европа се жртви на епидемија на морбили. Ако Македонија блескаше граѓаните немаше да се евакуираат од ,,животот’’ кој го донесе Заев и неговата криминална банда. Во Македонија единствено блескаат бизнисите на кланот Заеви, кој ги полни своите џебови со народни пари. Блескаат нивните Бентлија и други луксузни возила кои ги купуваат со наши пари, пари на граѓаните. Блескаат полињата со марихуана кој им носат милионски профити. Доаѓа крајот на оваа банда која секој ден се повеќе ја зацрнува нашата држава и ја уназадува на секое поле. Кога ќе си замине оваа власт, ќе одговара за се, а на Македонија и на македонските граѓани уште еднаш ќе им се даде шанса да ги достигнат своите вистински потенцијали, велат од ВМРО-ДПМНЕ.