Поради криминално-расипничкото однесување Владата на СДСМ не отпочна ниту еден посериозен инфраструктурен проект за првите три месеца, а единствено што направија е задолжување на државата, укинување на покачувањето на пензиите, намалувањето на платите и најавите за покачување на струјата, одговорија во средата од ВМРО-ДПМНЕ.
„СДС очигледно не само што нема намера да реализира нови проекти, туку нема намера и заинтересираност да ги доврши постојните проекти кои веќе се пред финална фаза. Ветуваа 600 километри нови автопатишта, а не можат да пуштат во употреба автопатишта кои се веќе завршени од владата на ВМРО-ДПМНЕ.
Жртва на неспособноста на СДС се и автопатот Кичево-Охрид, автопатската делница Демир Капија-Смоквица и Штип-Миладиновци кои се во целосен застој.
СДС не работи за доброто на граѓаните и државата, СДС работи согласно теснопартиските потреби.
Ароганцијата во која е влезена владата на Заев ќе им се удри од глава. Кога ќе замине неспособната гарнитура од власт ќе одговара и за хаосот во кој што ја втурна државата, но и за криминалите и незаконските дејствија во кои се впуштија“, се вели во реакцијата.