Откако СДСМ е на власт граѓаните се блокирани на секое поле. Поради неспособноста на власта единствено граѓаните страдаат. А, со вчерашната одлука на Владата единствено миленикот на Заев, Оливер Спасовски е спасен од кривична одговорност за ограничени слободи и права на над 40.000 граѓани на кои не им издале лична карта, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Од опозициската партија додаваат дека „миленикот на Зоран Заев, Оливер Спасовски“ не може да побегне од одговорноста што со месеци десетици илјади граѓани не можат да си ги остварат своите секојдневни обврски.
„Откако Македонија е независна никогаш не се случило системот да не функционира, но со неспособноста на власта на Заев и тоа се случи. На 17-ти октомври ќе започне крајот на локалните шерифи, функционери од типот на Оливер Спасовски и Зоран Заев“, посочуваат од партијата.