ВМРО-ДПМНЕ: Поради Заев за четири години Македонија падна 15 места на листата на Херитиџ за економски слободи

Поради премиерот Зоран Заев за четири години Македонија падна 15 места на листата на Херитиџ за економски слободи. Од 31 место во 2017 година, Македонија е сега рангирана на 46 место на листата за економски слободи во друштво со Руанда и Колумбија, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од неделата.

Опозициската партина истакнува дека Херитиџ нотира дека „власта е во црвена зона“ во делот на интегритетот на Цладата и судскиот систем, како и дека оцената за актуелната власт е буквално единица во овој дел,

„Пад во однос на минатите години имаме и на полето на слобода на работниците и слободната трговија. Буквално Херитиџ кажува дека сега е потешко да се води бизнис во Македонија за разлика од порано. Времето за отворање на фирма е многу подолго што е одлика на бирократизација на системот кој му служи само на Заев, а е нефункционален за се друго“, велат од партијата.

ВМРО-ДПМНЕ посочува дека лошите оценки на Херитиџ се лош имиџ за Македонија и ќе го одвраќаат секој можен инвеститор.

„Секој сериозен инвеститор пред да се одлучи да ја запознае земјата одблиску гледа што за неа кажуваат мерењата на Херитиџ, Економист, Транспаренси Интернешенал. Време е ова да се смени. Време е Македонија да тргне напред. Време е за Македонија за сите луѓе“, додаваат во сопопштението