Пожари беснаат низ државата а власта не може да се организира да изгасне еден пожар, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.
„Институциите не реагираат на време и големи површини со шума горат од неажурноста на власта. Како и за се до сега потребно беше јавноста и медиумите да реагираат, за институциите да почнат да работат. СДСМ се однесува неодговорно и не води грижа за земјата“, велат од опозициската партија.
Од ВМРО-ДПМНЕ апелираат до власта во периодот што иде да покаже поголемо ниво на организација и да реагира правовремено при справување со потенцијалните пожари или друг вид непогоди, кои се веројатни во овој период од годината. Секоја ненавремена реакција ги чини граѓаните пари и оштетен имот.