ВМРО-ДПМНЕ: Пратениците на СДСМ гласаат за двојазичност, а Заев во ист ден говори за лажна грижа на македонскиот јазик

Дрско лицемерие е тоа што на истиот ден кога пратениците на СДСМ во Собранието гласаа за потреба за носење на противуставен закон за двојазичност во целата држава, Зоран Заев говори за некаква лажна грижа за македонскиот јазик, реагираат во средата од ВМРО-ДПМНЕ.

Од оваа партија посочуваат дека доколку Заев вистински се грии за зачувување на македонскиот јазик како силно идентитетско обележје на македонскиот народ, јавно го повикуваате парламентарното мнозинство на СДСМ да гласа против неуставниот закон за двојазичност во државата и да не се ратификува договорот со Бугарија со кој јавно се откажа од македонскиот јазик.

„Заев е личноста која јавно се откажа од македонскиот јазик и истиот во договорот кој го потпиша со Бугарија го дефинираше како јазик според Уставот на Република Македонија. СДС со законот за двојазичност, кој е антиуставен и надвор од законот го деградира македонскиот јазик, неговата употреба и етапно го уништува истиот“стои во реакцијата.

„Наводната грижа на Заев за македонскиот јазик е само димна завеса за распродавањето на државните и национални интереси, со кои владата тргува пред се со неуставниот закон за двојазичност кој упорно се турка во Собранието, промената на името и наоѓање на ново име на државата за чие изнаоѓање самиот премиер се пофали дека работи“.