Зоран Заев вели во „предност“ биле граѓаните што во земјава немало се уште вакцина?!, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.
-Евентуално, само самиот ако си верува во ова, бидејќи никој друг не му верува. Да беше така зарем ќе заминуваа на вакцинирање во соседството медиумски работници, еве најавени за викеднов се и медицински лица специјализанти, бизнисмени. Што е за Заев „предност“ тоа што во Македонија има 3607 починати од корона? Или можеби е предност што по бројка на вакцинирани граѓани сме на дно. Според „Блумберг“ вакцинирани се само 0,2 проценти, велат од партијата.
Од таму додаваат дека во меѓувреме во Израел се вакцинирани 54,5 проценти од населението, а во Србија процентотт на вакцинирани се движи кон 20 проценти од населението.
-Македонија со Заев на чело тоне. Тоа што Заев ја води владата се плаќа со човечки животи. И сега на Филипче пак му текна да ја менува Комсијата за заразни болести, а нејзиниот претседател, Караџовски кој долго го немаше вика уште не било така страшно како во ноември?! Зарем „предност“ е што има секој ден по неколку десеттина починати? Македонија ќе биде во предност единствено кога Заев ќе замине од власт и ќе одговара, стои во партиското соопштение до јавноста.