ВМРО-ДПМНЕ: Премногу е, народот плаќа поскапа струја, затоа што Ковачевски краде

Премногу е, народот плаќа поскапа струја, затоа што премиерот Димитар Ковачевски краде, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.

-Со СДСМ цената на струјата се зголеми за 30%. Народот плаќа поскапа струја затоа што луѓето од врвот на власта преку свои блиски фирми испумпуваа пари од РЕК Битола преку разни тендери, а комбинатот го оставија без основни средства за работа. И во исто време ги испразнија акумулациите. Неработата и криминалот во енергетиката во изминативе 5 години сега граѓаните ќе го платат со уште едно покачување на цената на струјата од јули. Повисоките сметки за струја ќе значат помалку пари за народот и поскапо производство, а со тоа и понеконкурентна економија, велат од партијата.

Од таму додаваат дека народот не може да издржи уште една зима со скапа струја, скапо парно греење, скапи горива и скапа храна.

-Премногу е, протест за промени на 18 јуни во 20 часот пред влада, велат од ВМРО-ДПМНЕ.