![images (1)](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2014/04/images-1.jpg?resize=240%2C196&ssl=1)
ВМРО-ДПМНЕ на сите припадници на ромската заедница во земјава им го честита Светскиот ден на Ромите, 8 април.
„Ромската етничка заедница е дел од културното, политичкото и економското живеење во државата. Нивниот придонес во изградбата на мултиетничкиот и мултикултурниот карактер на Република Македонија е огромен. Сите ние работиме и се залагаме да обезбедиме подобри културни, образовни, политички, економски и социјални услови за сите граѓани на земјава, вклучително и за Ромите“, се вели во честитката на ВМРО-ДПМНЕ.