
СДСМ со притисоци, закани и крајно манипулативно го прекинаа штрајкот на просветните работници. Притоа се повикаа на помирувач кој е пристрасен , односно е вработен во кабинетот на еден министер чиј ресор е директно засегнат од штрајкот. Тоа направи невидена манипулација и понижување на просветните работници, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Од прекинувањето на штрајкот со манипулативни методи, до денес помина недела дена, а јавноста нема никаква информација дали и што договориле двете страни, СОНК и Владата со посредство на помирувачот вработен во кабинет на министер.
Очигледно целта на власта е што е можно повеќе и подолго да се пролонгира и да се забошотат легитимните барања на просветните работници. Наставниот кадар легитимно бараше согласно колективниот договор нивните плати да се нивелираат според порастот на минималната плата. Тоа ќе овозможеше поголема и достоинствена заработка на лицата кои се грижат, ги воспитуваат и едуцираат нашите деца. Навистина е понижувачки наставниот кадар да зема плата која е едвај повисока од минималната плата во земјата. Изговорите на власта дека нема пари, дека покачувањето ќе предизвика инфлација и слично беа обични лаги, бидејќи јавноста виде дека биле трошени милиони евра за криминални физибилити студии, криминални договори во 4 очи, набавки на цвеќиња, кафиња, жардињери, фстаци службени возила и какви ли не други непродуктивни трошоци, стои во партиското соопштение и се додава:
„Јавноста и просветните работници треба да знаат каков е епилогот од преговорите на СОНК и Влада и за колку ќе се зголеми платата?
Колку повеќе кријат, толку поочигледно станува манипулативното “задушување“ на штрајкот на просветните работници од страна на Владата на СДСM и ДУИ“.